Балкан
10. January 2018 - 21:29

Во Грција запленет брод со материјали за изработка на експлозив

Грчката крајбрежната стража денеска конфискуваа брод, кој носел материјали за изработка на експлозив и уапсени се осум членови на екипажот, соопшти денеска крајбрежната стража.

Бродот, кој пловел под знаме на Танзанија, е откриен во близина на Крит, а на него се пронајдени 29 сандуци во кои имало амониум-нитрат, детонатори и 11 празни резервоари за течен нафтен гас.

Бродот испловил од турското пристаниште Мерсин и пловел кон Џибути, но подоцна му била сменета рутата и како крајна дестинација било наведено либиското пристаниште Мисрата.