Во Грција за една седмица од сезонски грип починаа 15 лица
За само една недела од сезонски грип во Грција починаа 15 лица, со што бројот на регистрирани смртни случаи во последните три месеци се искачи на 53 луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.
Во неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје се наведува дека починатите се на возраст од четири до 91 година, а 50 лица односно 94,3 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.
Во периодот од 3 до 9 февруари 2020, починале 15 лица, а исто толку смртни случаи имаше и една недела претходно.
Според извештајот од Националната организација за јавно здравје, за една недела 24 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019 година се искачи на 169 лица.
Ново на Сител
-
Николовски до Заев: Каде бил Мијалков ако бил во Скопје, зошто не е извршен претрес?
-
Филипче: Изградбата на Клинички е транспарентен, помина времето на криминални зделки во здравството
-
Давкова за Мијалков: Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица, неверојатно нешто
-
Давкова: Ако се соберат повеќе од 100.000 потписи, тогаш власта може да се освести дека Законот за попис не е добар
-
Проф. д-р Силјановска Давкова: Република Македонија не смее да дозволи фингиран попис
-
Германската вакцина КјурВак ефикасна против јужноафриканските и британските мутации
-
Заев: Досега откупени 24,5 милиони килограми тутун, за целата реколта обезбедени 70 милиони евра
-
Паднаа Инстаграм и Месинџер