Балкан
15. November 2016 - 10:03

Во Грција уапсени двајца службеници на албанското МНР

Грчките власти привеле на граничниот премин Какавија на границата со Албанија двајца службеници на албанското МНР во обид да внесат во државата пропагандни материјали, книги и географски мапи што требало да бидат пренесени во албанската Амбасада во Атина.

Според Прото тема, при проверка на автомобилот на албанските службеници биле пронајдени пропагандни материјали, книги и мапи на „велика Албанија“.

Приведените се изведени пред истражен судија, а истрагата ја презеле од грчката разузнавачка служба.