Балкан
5. January 2017 - 10:29

Во Грција уапсена Паула Рупа, лидер на групата Револуционерна борба

Грчката антитерористичка полиција денеска соопшти дека ја уапсила лидерката на екстремно левичарската група Револуционарна борба, која презеде одговорност за серија напади и која четири години беше во бегство.

Паула Рупа (48) е уапсена рано утринава во Атина, а со неа е приведена и 25-годишна жена, која и помагала во криењето, се наведува во соопштението на грчката полиција.

Рупа и нејзиниот соработник Никос Мазиотис беа уапсени во 2010 година, а потоа во 2011 година пуштени на условна слобода до почеток на судењето, по што двајцата исчезнаа, наведуваат грчките медиуми.

Во 2014 година Мазиотис беше уапсен во грчката престолнина по кратка престрелка со полицијата, а две години подоцна Рупа неуспешно се обиде да го извлече од затвор, користејќи грабнат хеликоптер.

Двојката има шестогодишен син, роден во болница во Атина неколку месеци откако неговите родители беа сместени во затвор во 2010 година.

Нивната група Револуционарна борба, која е основана во 2003 година, властите некогаш ја сметаа за најопасната екстремно левичарска организација во Грција, а ЕУ и САД ја ставија на листата на терористички групи.