Во Грција уапсен полициски наредник за шверц со дрога и оружје
Полицискиот директорат за внатрешни работи на Северна Грција соопшти дека е уапсен 40-годишен полициски наредник кој работел во Костур, и е обвинет за шверц со дрога и оружје.
Според полицијата, службеникот бил уапсен вчера попладне додека возел автомобил со приколка, во која се пронајдени 113 пакети со марихуана со тежина од 124 килограми и 228 грама.
Подоцна бил извршен и увид во домот на полицаецот при што се пронајдени две пушки калашников со муниција, бајонет, меч, ловечки нож и пари.
Полициската истрага довела и до апсење на 47-годишен сопственик на отпад, кај кого биле пронајдени 10 рачни бомби, еден калашников и муниција, 54 детонатори и еден мобилен телефон.
Против двајцата е покренато кривично обвинение за наркотици и оружје, а полицаецот е суспендиран од неговите должности.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет
-
109 нови случаи на Ковид-19
-
Од денес повторно во функција Амбасадата на Северна Македонија во Киев
-
Ковачевски: Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот
-
Ковачевски: Инвестирани над 1 милијарда евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура во земјава
-
Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија
-
Црвенковски: Преспанскиот договор е избор на помалото зло
-
Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија беше голема грешка