Во Грција уапсен државјанин на Северна Македонија, баран со германска потерница
При влез во Грција, бил уапсен 52 годишен државјанин на Северна Македонија кој се барал со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според потерницата, 52-годишниот, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура. Заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Северна Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.
Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација