Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица
-Јасан и подобрена е епидемиолошката слика во земјата, изјави членката на Комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.
Таа додаде дека се додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.