Балкан
11. October 2020 - 20:31

Во Грција рекордни 13 смртни случаи од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран рекордно висок број на дневни смртни случаи од Ковид-19, починаа 13 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 449 лица.

Паралелно, намален е бројот на новозаразени во споредба со изминатите денови, регистрирани се 280 нови случаи, од кои половина, односно 141 случај се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 25 по направените тестови на влезните точки во земјата.

Останатите случаи 114 случаи се во 27 различни делови на Грција.