Loading Video...
Балкан
3. September 2021 - 16:31

Во Грција регистрирани шест случаи на колумбискиот сој на Ковид-19

Во Грција се регистрирани шест случаи на колумбискиот сој на коронавирусот кој е под лупа на СЗО. Постои страв дека овој сој може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините.

Мерките за влез во Грција се продолжени уште една недела.

Поради мал бројна вакцинирани во Бугарија се воведоа нови мерки за заштита од Ковид-19. Рестораните и баровите ќе треба да се затворат во 22 часот од 7 септември, додека спортските натпревари во салите ќе се одржуваат без гледачи.