Во Грција регистрирани над 57.000 бегалци и мигранти
Иако од Пиреја вчера попладне со авотбус беа преместени и последните бегалци и мигранти во организирани објекти за сместување, грчките власти изразија загриженост од постојаниот прилив на баратели на азил кон островите.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, според последните официјални податоци од денеска во осум часот, во Грција има 57.027 бегалци и мигранти, а во последните 24 часа пристигнале 109 нови лица.
На островите во источниот дел на Егејското Море денеска има 9.208 бегалци и мигранти, што е значителен пораст во однос на 8.475 на 13 јули, кога пристигнувања почнаа да се зголемуваат од 40 до 120 луѓе дневно.
Ситуацијата е дополнително отежната по неуспешниот обид за државен удар во Турција и последиците од него, кој, според грчките власти, „практично го замрзна“ враќањето на бегалците во соседната земја.
Тоа резултираше со пренатрупаност на островите во источниот дел на Егејското Море. Во двата прифатни центри на Лезбос, на пример, во моментов има околу 4.000 бегалци и мигранти, а нивниот вкупен капацитет е 3.500.
На Хиос, во имправизиран камп изграден за 1.100 луѓе, сместени се 2.509, а во објектот на Самос, со капацитет од 850 луѓе, има 1.356 лица.
Во моментов, исто така, има значителен пад на бројот на прелиминарните барања за азил поднесени од страна на сириските бегалци на островите, бидејќи многу од врботените во Европската служба за азил се на годишен одмор, соопштија грчките власти.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот