Во Грција пристигнаа 367 Авганистанци, голем дел од нив се судии
– Преку Тбилиси во Атина, пристигнаа 269 авганистански државјани, мнозинството од нив судии, додека пак со втор авион во текот на ноќта требаше да пристигнат уште 98, соопштија од Министерството за мигрција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако талибанците го презедоа Авганистан, ова е првпат во Грција да стигне голем број авганистански државјани, со оглед на тоа дека досега во неколку наврати во Атина пристигнуваа или по неколку лица или не повеќе од 30 Авганистанци.
Од надлежното Министерство соопштуваат дека авганистанските државјани ќе бидат привремено сместени во Грција, а нивното пристигнување е „во рамките на обврските преземени од земјата и други членки на ЕУ за хуманитарна помош на жителите на Авганистан кои се во опасност“.
Дополнително, од Министерството за надворешни работи на Грција, како и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, вчера, преку „Твитер“ соопштија дека од Авганистан биле евакуирани 18 авганистански државјани, кои се од грчки интерес, а во Атина пристигнале преку Тбилиси.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари