Во Грција покрената истрага за вчерашната бродска несреќа во која загинаа четворица туристи
Грчките власти почнаа истрага за да се утврди причината за сударот меѓу туристичкиот брод и глисерот во близина на островот Егина, во кој загинаа четири лица, меѓу кои и петгодишно девојче.
Сударот се случил околу 13 часот вчера кога глисерот удрил во бродот во кој имало 20 туристи. Според крајбрежната стража, во сударот загинале петгодишнио девојче, нејзиниот 44-годишен татко, грчкиот капетан на бродот и една жена.
Телата на првите три жртви беа пронајдени бргу после сударот, од кој бродот бил расцепен на половина и потонал. Телото на жената било откриено речиси два часа подоцна на длабочина од 20 метри.
Во несреќата потешко се повредени четири лица, меѓу кои и една 29-годишна жена, чија лева нога била делумно отсечена. Уште три лица се здобиле со полесни повреди, додека останатите туристи од бродот биле однесени во здравствениот центар во Егина и биле во шок.
Четирите лица, кои биле во глисерот, не се повредени. Според крајбрежната стража, капетанот на глисерот, на возраст од 78 години, бил испрашуван за да се утврди што се случило за време на сударот. Тој тврдел дека не пловел брзо и оти не го видел бродот, додека очевидци рекле дека глисерот се движел со голема брзина и поминал букално низ средината на бродот, по што се преполовил и потонал.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела