Балкан
25. October 2020 - 9:02

Во Грција нови рекордни бројки на заразени со коронавирус

Грчките власти синоќа соопштија дека во државата има 935 нови случаи на заразени со новиот коронавирус што е досега рекорден број за 24 часа. Вкупниот број од почетокот на пандемијата е 29.992 заразени.

Земјата регистрираше 564 смртни случаи од март наваму. Пет лица починаа во последниот ден. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.