Македонија
29. October 2017 - 18:17

Во Градско до 17 часот излезноста 62,25 проценти, во Чашка 43,36 проценти

 Во општина Градско од вкупно  3.147 гласачи регистрирани на единствениот избирачки список на 11. избирачки места во општината, до 17 часот гласале 62,26 проценти од гласачите, информира Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК на Градско.

- Изборите се одвиваат во најдобар ред, а гласањето е во мирна и демократска атмосфера, изјави Седмакова Димовска.

Во општина Чашка, како што соопшти Марјан Јовановски, претседател на ОИК на Чашка,  од вкупно 6.017 гласачи запишани на Единствениот избирачки список до 17 часот на 30.те избирачки места гласале  2.607 гласачи или 43,36 проценти.

- Изборите се одвиваат мирно и без инциденти. Избирачките места во општината ги следат домашни набљудувачи од МОСТ, а не посетија и набљудувачите од ОБСЕ информира  Јовановски