Во градските цркви во Велес одбележано Христовото Воскресение Велигден
Епархијата Повардарска со седиште во Велес синоќа го одбележа Христовото воскресение и големиот христијански празник Велигден со златоустова литургија во црквите „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“ „Св Спас“ и „Св. вмч. Пантелејмон“, каде што чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски Агатангел со бројното свештенство, а во присуство на голем број православни верници кои палеа свеќи и го славеа Христовото воскресение со кршење велигденски јајца пред црквите.
По повод Воскресението Христово златоустова литургија утрово во 7.30 часот се одржа во црквата „Св. Богородица“.
Од Епархијата Повардарска со седиште во Велес воедно ги повикуваат православните христијани на вечерна служба на Второ Воскресение - читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата „Св. Кирил и Методиј“ каде што ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски г. Агатангел која ќе започне утрово во 9 часот.
Инаку вакви Злотоустови литургии се одржуваат во градските цркви во Велес секој ден до 12 април, а на 13 април ќе се одржи во манастирот Св. „Димитрија“, каде првиот четврток и петок велешани масовно го слават празникот Источен Петок - Балаклија Посветен на Пресвета Богородица.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право