Македонија
8. July 2019 - 18:33

Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра

 Сто и петнаесет илјади евра се украдени во грабежот во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај што се случи утрово, соопштија од Банката.

-Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар“, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, наведуваат во соопштението.

Оттаму додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а најавуваат дека со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година.