Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра
Сто и петнаесет илјади евра се украдени во грабежот во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај што се случи утрово, соопштија од Банката.
-Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар“, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, наведуваат во соопштението.
Оттаму додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.
Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а најавуваат дека со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО