Во Гостивар почна доставата на решенија за данок на имот
Гостиварската локалната самоуправа започна со испорака и доставување на решенијата за данок на имот за 2017 година и на решенијата за комунална такса. Од општина Гостивар информираат дека во наредните денови решенија за данок на имот ќе добијат 14.875 грагани и 31 фирма, а комунална такса, пак, ќе треба да платат 3.654 обврзници. Доставата ќе ја вршат овластени лица директно на врата и преку пошта.
- Сите граѓани кои имаат недвижен имот и кои не го пријавиле или, пак, пријавениот имот претрпел измени, согласно со Законот за даноци, должни се да го пријават во Одделението за даноци и во општинскиот центар за услуги. Ги повикуваме граѓаните и оние кои не ги платиле старите даночни обврски, тоа да го направат, се наведува во соопштениетот на општина Гостивар.
Општинските власти потсетуваат дека на даночните обврзници им се овозможени и олеснувања, не им се наплаќа казнена камата за неплаќање на данокот. Доколу, пак, исплатата на даночните обврски ја извршат на време, има можност за плаќање на рати.
Општина Гостивар пред две гадчни воведе и електронски систем за даноци, преку посебна апликација на општинската веб страница, даночните обврзници може да добиваат и информации околу даночните решенија и сумата што треба да ја уплатат.
Локалните власти најавуваат и теренски активнасти за проценка на недвижниот имот.
- Во наредниот период овластени лица за проценка на недвижен имот, ќе излезат на терен за да извршат проценка и препроценка на недвижниот имот, со што граѓаните ќе добијат реален преглед за трговската вредност на нивниот имот. Исто така ќе бидат решени и постарите барања на странките кои останале нерешени и ќе се исполнат правата на странките поднесени преку нивни барања и новите даночни пријави, стои во соопштението од гостиварската локална самоуправа.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид