Во Гостивар отворена фабрика за производство на тантал
Со пригодна свеченост во гостиварското село Балиндол, беше означен почетокот на работата на фабрика - рафинерија за производство на тантал, единствена од ваков вид Македонија.
Во обраќањето, Реј Пауер извршниот директор на компанијата „Пауер Рисорсес Груп Англија“, нагласи дека во овој капцитет фабрика - рафинерија за производство на редок метал тантал, се инвестирани 12 милиони долари и во моментов вработува четриесетина работници.
- По речиси две години индустриска изградба и тестирање, можам да кажам дека оваа фабрика во Балиндол е неверојатно достигнување. Развивањето на нова технологија од индустриски размери во ограничен рок е многу сложено. Но, мојот тим ја изгради оваа фабрика од нула. Со задоволство можам да му кажам благодарам на градоначлникот Невзат Бејта за поддршката без која не ќе можевме да успееме, рече Пауер.
Извршниот директор на „ПРГ Англија“ најави отворање на уште една нова фабрика вредна 15 милиони долари која треба да се гради во селото Чегране, Гостиварско.
Поддршка за отварањето ваков капацитет даде и членот на британското кралско семејство Принц Мајкл од Кент.
- Како пријател на оваа земја, не можам да го сокријам задоволството од оваа инвестиција. Компаниите како што е "ПРГ Англија" се меѓународно сертифицирани и нивните производи се испорачуваат во компании како што е Apple. Нивната технологија и начин на работа се меѓународно признаени, рече гостинот принцот Мајкл од Кент.
Зборвои на благодарност од името на локалната самоуправа и граѓаните искажа, градоналаникот Невзат Бејта кој нагалси дека администрацијата била посветена максимално на оваа инвестиција и дека тој пример ќе биде добар за продолжување на соработката.
- Гостивар го правиме да биде отворена врата за сериозни странски инвестиции. ПРГ Англија веќе ја покажа својата сериозност со вработување на 40 жители од општинава. Идните инвестиции несомнено ќе ја имаат поддршка, затоа што ја развиваат локалната економија, истакна Бејта.
Фабриката на компанијата ПРГ Англија ќе работи на преработка на танталот, редок биокомпатибилен материјал, кој се наоѓа заедно со калајот и волфрамот во форма на танталова руда. Овој материјал се користи во електрични компоненти од висок квалитет и високо-технолошка опрема. Танталот има примена во изработката на импланти во современата медицина
Технологијата на "ПРГ Англија е уникатен процес кој е безбеден за животната средина и нема емисии на гасови или контаминиран отпад.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка