Македонија
5. February 2016 - 16:31

Во Гостивар 16 наставници добија решенија за постојано вработување

Градоначалникот на општина Гостивар Невзат Бејта денеска им врачи решенија за постојано вработување на 16 наставници од основните училишта.

Тој нагласи дека наставниците ја добиваат и позитивната улога како воспитувачи на младите генерации.

- Вам ви преостанува кога ќе влезете во училниците да им пренесете знаење и позитивна енергија на учениците. Тие се најдобри оценувачи на вашата работа. Ние, како општина вложуваме максимални напори за да создадеме поповолни услови бидејќи и условите влијаат во унапредувањето на образовниот процес, нагласи градоначалникот Бејта.

Во декември 2015 година решенија за постојано вработување добија и 70 вработени во основните и средните училишта, а наредниот период ќе бидат доделени и други решенија за наставниците во гостиварските училишта.