Живот
14. January 2016 - 10:50

Во Големиот брат не ја спомнуваше: Гиба има девојка, еве како изгледа!

Додека се емитуваше шоуто „Големиот брат“ повеќето од станарите се прашуваа каква е сексуалната ориентација на близнаците од Васиќи- Мика и Гиба.

Дури и Големиот брат им постави прашање дали сакаат мажи или жени, а тие му одговорија без размислување дека страстите им горат кон жените.

Сега, на социјалните мрежи посебно активен е Гиба кој деновиве често објавува фотографии на кои е во друштво на девојка за која српските медиуми веќе почнаа да нагодуваат дека таа е неговата сакана.

Според пишувањата, Гиба и девојката по име Аземина, се уште не потврдиле дека се во врска, но очигледно е дека одлично се согласуваат.