Во Гевгелиско нема ученици со намалено поведение поради протестите
Информациите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“, според кои во неколку градови во земјава, меѓу кои и Гевгелија, имало ученици со намалено поведение поради учество во протестите против дигиталните учебници, гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков ги оцени како лажни вести.
-Најодговорно тврдам дека ниту еден ученик од основните училишта во општина Гевгелија нема намалено поведение на крајот од учебната година поради учество на протестите, а ако кај некој ученик има тоа е само поради изостаноци од електронската настава, рече Поцков.
Покрај сите потешкотии низ кои поминаа учениците и наставниот кадар во услови на пандемијата од Ковид-19, Поцков ја оцени како успешна завршената учебна година и изрази надеж дека наредната ќе биде сигурно подобра.
Најави дека на следната седница на општинскиот Совет, која треба да се одржи на 28 јуни, со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедени средства за набавка на електронски помагала, иако, рече дека лично сакал учениците да се вратат во своите училници доколку дозволат епидемиолошките услови.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори