Во Гевгелија промовирана монографијата „Антички монети“ од Бобан Хусеновски
Во Гевгелија денеска беше промивиран вториот том од монографијата „Антички монети“ на авторот Бобан Хусеновски.
Делото, според рецензентот проф. д-р Наде Проева, има големо значење за натамошните научни археолошки истражувања.
- Второто значење е што локалитетот Вардарски рид на кој се вршени истражувањата, е единствен на територијата на Република Македонија чија нумизматичка збирка е целосно објавена, нагласи Проева.
Според промоторот Перо Јосифовски, монографијата спаѓа во редот на најдрагоцените нумизматички дела зашто е посветена на наодите од кои може да се види цела хронологија и интензитет на живеење во градот и неговата економија. - Преку парите најдобро се гледа каков бил квалитетот на животот во еден подолг временски период, оцени Јосифовски.
„Антички моменти“ на археологот и директор на гевгелискиот музеј Бобан Хусеновски е обемно и значајно дело за културното наследство на археолошкиот локалитет Вардарски рид каде што се наоѓал старо - македонскиот град Гортинија. Првиот том беше објавен во 2004 година.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс