Македонија
16. May 2018 - 22:01

Во Гевгелија почнува одбележувањето на празникот Спасовден

Во општина Гевгелија вечер ќе почне одбележување на верскиот празник Христово вознесение-Спасовден, кој е и заштитник, патрон на градот. 

Традиционално вечер ќе одекнат камбаните во црквата „Свети Спас“, која под својот покрив ќе ги собере верниците кои ќе преспијат во храмот за здравје, среќа и бериќет. Наместо курбанот, кој се давал порано, верниците пред да заспијат ќе јадат црковно гравче.

За граѓаните и за гостите поставени се тезги пред црквата, на кои се продава текстил, играчки, храна... Традиционално во Гевгелија за празникот вечер и утре ќе има панаѓур.