Во Гевгелија одбележани 11 години од загинувањето на Игор Ѓорески-Хектор
Пред спомен-бистата на воениот пилот, капетан Игор Ѓорески-Хектор во Гевгелија денеска беше положено цвеќе. Тој трагично загина пред 11 години во хеликоптерската несреќа на враќање од мировната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Неговите најблиски роднини, претставници на локалната самоуправа, партиски делегации, другари и пријатели се собраа со положување цвеќе да ми оддадат почит на овој храбар гевгеличанец кој беше член на експедицијата составена од 11 македонски мировници кои на враќање од успешно реализираната мисија во 2008 година настрадаа во хеликоптерската несреќа.
Постхумно Ѓорески беше одликуван за воен воздухопловен ветеран и прогласен за паднат борец, а во 2009 година постхумно му беше доделена највисоката општинска награда „7 Ноември“ за животно дело.
Ново на Сител
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово