Македонија
9. May 2017 - 14:33

Во Гевгелија одбележан Денот на Европа и победата над фашизмот

Со пригодна манифетацијата денеска во Гевгелија беше одбележан Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Одбележувањето на Денот на Европа беше проследено со богата културно-уметничка програма и претставување на четири држави членки на Европската унија, Германија, Шведска, Грција и Кипар.

Љубчо Алексовски, модератор на настанот, изјави дека преку реализација на повеќе проекти кои се финансисики подржани од ЕУ фондовите општина Гевгелија остварува плодна прекугранична соработка со Грција и Бугарија од која значајни бенефити има населението.

Денот на победата над фашизмот се одбележа пред Спомен костурницата каде во чест на паднатите борци цвеќе положија делегации на општинската боречка организација и политичките партии.

- Во борбата против најголемото зло во историјата на човештвото-фашизмот, во глобални рамки можеби скромни, но за нас големи жртви даде и општина Гевгелија. Денеска им се поклонуваме да им оддадеме должна почит и да им ветиме дека никогаш нема да бидат заборавени, рече Ристо Марковски, претседател на боречката организација на општина Гевгелија.