Македонија
30. September 2018 - 14:10

Во Гевгелија до 13 часот гласале 3.756 граѓани

Заклучно со 13 часот на референдумското изјаснување во општина Гевгелија излегле 3.756 гласачи или 19,5 отсто од запишаните во избирачкиот список. Изјаснувањето по референдумското прашање се одвива во мирна атмосфера и без неправилности, соопштија од ОИК Гевгелија.

Во општина Валандово до 13 часот своето гласачко право го искористиле 1.415 граѓани или 14,2 отсто од вкупно запишаните 9.967 гласачи.

На 12 избирачки места во општина Богданци до 13 часот на референдум излегле да гласаат 1.216 граѓани или 17,96 отсто, а во општина Дојран на осум гласачки места излегле 504 граѓани или 18,5 отсто од вкупниот број запишани гласачи.