Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Северна Македонија
Во Берлин веќе нема дилеми околу напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Се поизвесно е дека Албанија, поради политичката криза, ќе отпадне од пакетот, пишува германската новинска агенција ДПА.
Како што објави денеска Дојче веле на македонски јазик, и покрај критиките од конзервативната ЦДУ, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и натаму се залага за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Притоа тој наведува дека одлука на таа тема нема да биде донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела.
– Сакаме да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави политичарот од редовите на германските социјалдемократи во четвртокот.
Со оглед на отпорот на Франција кон таквиот чекор, Мас вели дека може и подоцна да се одлучи кога ќе се отвори можност да се убедат и скептичните држави.
Заменик-шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот, Јохан Вадефул вели дека без оглед на ваквите ставови, Парламентот дури на крајот на септември ќе и даде зелено светло на Владата.
Тој искажува сомнеж дали Албанија, со оглед на внатрешно-политичките превирања, навистина е подготвена за почеток на преговори. Мас, пак, посочува на позитивното мислење на Европската комисија.
Холандскиот Парламент во средата се изјасни за почеток на преговори со Северна Македонија, но не и со Албанија. Конечната одлука, ЕУ ќе ја донесе во октомври.
Канцеларката Ангела Меркел во четвртокот се сретна со премиерот Зоран Заев во Берлин. Позитивно изјаснување за оваа земја во германската влада е неспорно, затоа што Владата во Скопје го реши деценискиот спор со Грција и прифати промена на државното име, пишува агенцијата ДПА
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето