Во Германија запленети 16 метрички тони кокаин од Парагвај
Германските цариници откриле повеќе од 16 метрички тони кокаин во контејнери кои пристигнале во Хамбург од Парагвај, соопштија денеска германските власти.
Според царинската служба во Хамбург, ова е најголема количина кокаин запленета досега во Европа и една од најголемите заплени во светот.
Дрогата е пронајдена при претрес на пет контејнери од Парагвај на 12 февруари, кои европските царински органи ги обележале како сомнителни при анализата на ризикот.
Цариниците откриле кокаин скриен во повеќе од 1.700 лименки.
Во текот на следните неколку дена, германските и холандските власти спровеле дополнителна истрага и запленија уште 7,2 метрички тони кокаин во неделата во белгиското пристаниште Антверпен.
Царинската служба во Хамбург наведува дека количината од над 23 тони кокаин запленета на црниот пазар може да се продаде за неколку милијарди евра.
Холандските власти во средата уапсија 28-годишен маж од Влардинген, за кого постои сомневање дека е одговорен за пратките.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски