Loading Video...
Свет
23. August 2021 - 16:30

Во Германија воведени нови рестрикции поради Ковид-19

Без доказ за вакцинација, негативен тест или прележан ковид германските граѓани од денеска не можат да влезат во угостителски објекти, спортски сали, домови за стари лица, базени, а не можат да одат ниту на кино или на фризер.

Оваа одлкука од денеска важи во сите 16 покраини. Правилото е наречено 3Г бидејќи на германски сите три збора - вакцинирани, тестирани и излечени почнуваат на буквата Г.

Рестрикциите следат откако изминатава недела значително се зголеми бројот на заразени лица со ковид. Во овој бран особено се погодени лицата на возраст меѓу 35 и 59 години, а речиси сите нови инфекции се предизвикани од делта сојот.