Свет
8. March 2018 - 16:14

Во Германија уапсен тинејџер осомничен за планирање напади

Германското Јавно обвинителство издаде налог за апсење на 17-годишен Ирачанец, кој е осомничен дека планирал извршување терористички напади во Германија и Велика Британија.

Федералното обвинителство соопшти дека уапсениот Дедај А., кого  локалните власти во Франкфурт веќе го приведоа на 13 февруари, е обвинет за складирање на големо количество петарди во својот стан во германската сојузна државата Хесен, со цел да ги употреби за изработка на бомби.

Уапсениот, исто така, е обвинет и за членство во групата Исламска држава, се наведува во соопштението во кое не се изнесуваат други детали.

Во согласност со германските прописи за приватност презимето на обвинетиот не е објавено.