Свет
22. January 2016 - 16:10

Во Германија уапсен Сириец осомничен за воени злосторства

Сириец, осомничен дека бил член на сирискиот огранок на Ал Каеда - Фронт ал Нусра, е уапсен во Германија, под обвинение за воени злосторства.

Оосмничениот 24-годишен Сириец, Сулејман А. С. е уапсен во Штутгарт врз основа на потерница издадена на 14 јануари.

Германската полиција засега не соопшти повеќе детали за обвинениејата за кои се товари уапсениот.