Свет
7. April 2016 - 9:02

Во Германија уапсен Сириец осмничен за воени злосторства

Осомничен сириски воен злосторник, кој раководел со локална милитантна група поврзана со бунтовничката Сириската слободна армија, вчера е уапсен во Германија, соопшти германската полицијата.

Четириесет и едногодишниот маж, идентификуван како Ибрахим ал Ф., бил уапсен во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија од страна на специјални единици на локалната полиција.

Според полициското соопштение, Ибрахим ал Ф. се товари дека лично физички малтретирал двајца цивили.

Постои сомнеж дека мажот во сирискиот град Алепо командувал со локална вооружена формација составена од најмалку 150 лица, која била дел од групата „Гораба ал Шам“, која пак од своја страна е дел од Сириската слободна армија.