Свет
16. November 2015 - 18:36

Во Германија уапсен Алжирец кој предупредил на напади во Париз

Алжирски азилант е уапсен во градот Арнсберг во Западна Германија откако наводно минатата недела предупредил други мигранти за терористички напади во Париз.
 
Портпаролот на јавното обвинителство Арнсберг  Арнолд Волф изјави дека Алжирецот бил уапсен откако двајца Сиријци на полицијата и кажале за предупредувањето дека во Париз ќе има напади.
 
Медииумите јавуваат дека се работи за недидентификуван 39-годишен маж државјанин на Алжир кој што бил уапсен во центарот за бегалци во Арнсберг.