Свет
25. March 2020 - 13:52

Во Германија се очекува намалување на епидемијата од следната недела

Стапката на инфекции од коронавирусот најверојатно ќе се намали во почетокот на следната недела, изјави шефот на Германската федерација на болници, Гералд Гас. 

 – Среднорочно очекуваме дека стапката на заразени ќе се намали поради социјалното дистанцирање. Меѓутоа тоа нема да влијае значително на регистрираниот број на заразени до почетокот на средина на следната недела, изјави Гас.

Гас додаде дека во моментов во Германија на интензивна нега има околу 1000 пациенти, заразени од коронавирусот.