-->
-->
Во Германија регистрирани 700.000 украински бегалци
-->
– Повеќе од 700.000 луѓе кои избегале од војната во Украина дошле во Германија, објави денеска германскиот весник „Велтам Зонтаг“, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.
Од почетокот на војната во Украина до 11 мај во германскиот Централен регистар за странци се регистрирани 727.205 лица, меѓу кои 93 отсто се лица со украинско државјанство.
Се наведува дека некои можеби заминале во други земји на ЕУ или се вратиле во Украина.
Околу 40 отсто од украинските бегалци се малолетни, а жените сочинуваат 81 отсто од возрасните бегалци.
Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина надмина шест милиони, што е најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна, објави Агенцијата за бегалци на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација