Свет
20. December 2017 - 17:16

Во Германија покрената петиција против продажба на минијатурни фигури на Вермахтот

Во Германија е покрената петиција со која од трговскиот интернет-гигант Амазон се бара прекин на продажбата на минијатурни фигури на војници на Вермахтот.

– Тие фигури претставуваат еден од најнехуманите режими во светската историја и со играњето со нив децата ги прифаќаат тие униформи и оружје како нешто најнормално што претставува недозволено влијание врз деца, се вели во петицијата од граѓани.

На страниците на платформата Амазон или Ибеј може да се пронајдат минијатурни фигури што се викаат Heinz или Wolfgang облечени во униформи на Вермахтот. Дел од нив имаат и обележја на озлогласените Ес-Ес единици.

Слична иницијатива е покрената и во Франција.