Свет
3. December 2016 - 12:27

Во Германија оваа година регистрирани 877 напади врз бегалски центри

Германските власти регистрирале од јануари до 28 ноември 877 напади врз бегалски центри во земјата, соопшти денеска Федералната криминална служба, јави ДПА. 

Во 817 случаи напаѓачите ги извршиле нападите поради ксенофобични мотиви. Во 348 случаи се нанесени штети врз зградите, во кои се сместени бегалците. Во тој период се регистрирани 64 инциденти поврзани со опожарување и пет ексоплозии.

Во 2015 година кога мигрантската криза во Германија ја достигна својата кулминација беа извршени 1.031 напад врз бегалски центри.

Во Германија лани пристигнале околу 890 илјади кандидати за азил. Од јануари до октомври оваа година Федералната миграциска служба добила повеќе од 645 илјади барања за азил.