Во Германија одложени стотици авио-летови
Поради штрајк на кабинскиот персонал на авио компаниите Еуровингс и Џерманвиннгс денеска над 50 илјади патници ќе имаат проблем да стигнат на планираните дестинации.
Вкупно се одложени 380 меѓународни и домашни летови од аеродромите во Дизелдорф, Келн, Дортмунд, Хановер, Штутгарт, Берлин и Хамбург, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Нискобуџетните компании Еуровингс и Џерманвингс се во сопственост на германскиот национален авиопревозник Луфтханза а штрајкот во нив започна поради спорот околу договорите за хонорарна работа со кои е вработен дел од кабинскиот персонал.
Асоцијацијата на работниците во авио сообраќајот УФО денеска изрази жалење за штрајкот но од таму се тврди дека преговорите со менаџментот на компаниите дошле во фаза во која само прекин на работата може да донесе надминување на состојбата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево