Свет
3. August 2015 - 15:44

Во Германија лани живееле 10,9 милиони имигранти

Бројот на имигранти кои живеат во Германија минатата година достигна 10,9 милиони - што е за еден милион повеќе отколку пред три години, соопшти денеска националната статистичка служба, цитирана од ДПА.

Ова е највисокото ниво на имиграција од 2005 година, кога германските власти почнаа да ги собираат и анализираат ваквите податоци.

Според статистичката служба, вкупниот број луѓе со имигрантско потекло во Германија во 2014 година  достигнал 16,4 милиони - за околу три проценти повеќе во споредба со претходната година. Тоа изнесува малку над една петина од германското население.

Повеќе од половината од нив  имаат германски пасош.

Податоците покажуваат дека од 2011 година во Германија пристигнале 620.000 имигранти од Европската унија - главно Полјаци, Романци, Италијанци, Бугари и Унгарци, а доста е зголемен и бројот на Кинези, Сиријците и Индијци.