Свет
26. February 2018 - 14:30

Во Германија измерени рекордни мунус 27 степени Целзиусови

Студениот бран, кој со себе донесе обилни снежни врнежи и ниски температури, предизвика  прекин на сообраќајот, затворање на училишта и откажување летови ширум Европа. 

- Новиот рекорд оваа зима од минус 27 степени Целзиусови забележан е на врвот на  Цугшпице на Алпите во Германија, соопшти денеска германската метеоролошка служба. 

Во Бремен најмалку 10 летови се откажани поради снегот, во Мекленбург-Западна Померанија се случија неколку сообраќајни несреќи поради голомразица, а најмногу четири лица се повредени.

Ниски температури се забележани и на југот и на истокот во Германија, каде што живата на термометарот се спушти и до минус 15 степени. 

Во североисточна Германија во поедини подрачја поради обилни снежни врнежи дојде до застој во сообраќајот. 

Во Москва ноќеска температурата падна под 20 степени, што е најстудена ноќ оваа зима, соопшти руската метеоролошка служба. 

Според руските метеоролози, ниските температури во земјата ќе продолжат и на почетокот на следниот месец.

Иако Рим поради медитеранската клима има најчесто умерени зими, деновиве како резултат на арктичкиот бран која мина низ Европа, италијанскиот главен град е погоден од обилни снежни врнежи и ниски температури. 

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи синоќа донесе одлука од денеска сите државни училишта да останат затворени. Таа одлука ја прифатија и многу приватни образовни институции. 

Училиштата се затворени и во северните и централните делови на Италија, а во многу делови на земјата сообраќајот се одвива отежнато.