Во Германија има 150 отсто повеќе бездомници отколку во 2014.
Се намалува понудата на пристапно и социјално домување, што заедно со одлуката на Владата во 2015. да дозволи речиси милион бегалци да влезат во Германија, претставува причина за експоненцијален раст на бездомниците, покажуваат податоците објавени од германската Федерална работна група за помош на бездомници (БАГ).
Според федералната статистика за 2016 година, 440.000 од 860.000 бездомници во Германија се бегалци.
Генералниот директор на БАГ Томас Шпехт нагласи дека иако имиграцијата драстично ја влошила вкупната ситуација, таа во никој случај не е единствена причина за навиот недостиг на станови за сиромашни.
Тој оцени дека главна причина за тоа е погрешната владина станбена политика. Шпехт истакна дека бројот на социјални станбени единици ширум Германија од 1990 година опаднал за околу 60 проценти, на само 1,2 милиони, бидејќи општините, властите на федералните држави и сојузната влада го продавале својот станбен простор на инвеститори.
Според официјалните податоци за бездомници, од вкупно 860 илјади, 440 илјади се бездомници. Од вкупно 420.000 „домашни бездомници“, 52 илјади живеат на улиците, што е зголемување за 33 проценти за само две години. Се оценува дека 130 илјади од бездомниците живеат со партнерите или со своите деца. Доколку не се сметаат бегалците, 32 илјади или осум отсто од бездомниците во Германија се деца или малолетници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица