Свет
30. јуни 2017 - 12:19

Во Германија донесен закон за борба против говор на омраза

Германскиот парламент донесе закон со кој се предвидуваат строги казни против јазик на омраза во социјални мрежи, но според аналитичари тој може да предизвика тешки последици за слободата на говор на интернет, јави ДПА.

Законот предвидува казни до 50 милиони евра за социјални мрежи кои системски не „симнуваат“ незаконски содржини до една недела, вклучително и лажни вести во кои има елементи на клевета.

Аналитичари и експерти за права на човекот тврдат дека законот може сериозно да ја погоди слободата на говорот.