Свет
29. March 2020 - 11:13

Во Франција во изминатите 24 часа регистрирани 319 нови смртни случаи

Новиот коронавирус предизвика 319 нови смртни случаи во француските болници во изминатите  24 часа, со што бројотна починати се искачи на 2.314 луѓе  од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Според оваа најнова проценка, бројот на потврдени случаи во Франција е 37.575, а хоспитализирани се 17.620 пациенти , од кои 4.273 се на интензивна нега.

Притоа 6.624 лица беа во можност да се вратат дома како излекувани, а од нив дури 926 во изминатите 24 часа.