Свет
11. November 2015 - 8:46

Во Франција уапсен радикален исламист кој планирал напади

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, соопшти денеска дека е осуетен план на еден радикален исламист да изврши напад врз припадници на воената морнарица во пристаништето Тулон.

- Бидејќи една година бил под надѕор поради радикални ставови и поддршка на џихадистичката доктрина, ова лице планирало да стапи во акција, наведе Казнев.

Тој додаде дека станува збор за маж од 25 години, уапсен на 29 октомври, кој и порано бил затворан и обвинуван за терористички активности.

Според некои извори, уапсениот навестил дека планирал да патува во Сирија и да се приклучи кон џихад, но оти сепак одлучил да изврши напад во Франција, бидејќи пасошот му бил одземен.