Свет
18. April 2017 - 13:19

Во Франција приведени две лица осомничени за подготовка на терористички напади

Двајца луѓе се приведени денеска во Франција поради сомневање за планирање напади за време на изборите за претседател на државата, јавија француски медиуми.

Полицијата ги привела лицата во градот Марсеј, на југот на Франција.

Според полициски извори, двете лица имале намера да извршат терористички напади за време на изборите.

Првиот круг од изборите ќе биде на 23 април додека вториот на 7 мај.