Во Франција почнува масовна кампања на тестирање на новиот коронавирусот
Регионалната здравствена агенција во Бретања почна со јавна кампања за вирусни и серолошки тестови на Ковид-19, со која ќе бидат опфатени 63.000 лица во пет општини во Кот д’ Амор, јави дописникот на МИА.
– Овој експеримент е дел од еден глобален пристап за поголемо тестирање и идентификување на асимптоматски случаи. Целта е да се осигураме дека не постои непозната циркулација на вирусот, се наведува во соопштението на здравствената агенција.
Кампањата ќе се организира на доброволна основа со испраќање на „ваучери“ во текот на месец јули, по електронска пошта или пошта до сите осигуреници од општото и заемното здравствено осигурување за погодените општини. Граѓаните дури и да немаат симптоми, ќе можат бесплатно да се тестираат.
Слична кампања веќе почна на крајот на јуни во 32 француски градови, при што беа испратени ваучери до 1,3 милиони лица да направат виролошки тест.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство