Loading Video...
Свет
30. October 2020 - 16:43

Во Франција и Германија локдаун во вистинска смисла на зборот

Французите од денеска можат да излезат по еден час во набавка на храна, да вежбаат или да одат на работа. Со национален карантин властите ставаат сопирачка на епидемијата со КОВИД-19. Со посебна владина потврда можат да излезат на џогинг еден час и во радиус од 1км од каде што живеат. Излегувањето е дозволено доколку имаат медицински причини, ако ги носат децата во училиште и ако патуваат до работа, во случај ако не можеле да работат од дома.

За разлика од кај нас, училиштата во Франција се отворени. Под клуч се сите ресторани, кафулиња, барови, продавници освен оние за храна како и тематските паркови. Отворени се и бензиските.

И германските власти воведуваат карантин од 2 ноември. Планот е да затворат рестораните, баровите, кината, театрите и да има  построги ограничувања на приватните и јавните собири, но продавниците, училиштата и градинките ќе останат отворени. Вториот локдаун во овие две европски држави е поради драматична ситуација со заболени на самиот почеток од есента.

Строгите мерки во овие две водечки држави на ЕУ кои се активираат по втор пат откако е почната пандемијата, властите ги соопштуваат преку директни обраќања до јавноста. Медиумите веднаш го пренесуваат на сите светски јазици, но  овие информации очигледно не стигнале до македонскиот државен врв. На прашањето што ќе жртвуваме економијата или здравјето тие децидни дека ограничување на движење не е решение.

Според нив доволно е да се носат маски на отворено за да се намали ширењето на вирусот. За разлика од Франција, Германија и другите земји каде училиштата се отворени во Македонија ги затворија уште на почеток од кризата а децата учат онлајн, освен учениците до 3одделение. Во Европа се затвораат ресторани а во Македонија работат сите барови, кафулиња, теретани, кафеани, игротеки, музеи, кино сали, но надвор се носат маски. Пролетта кога бројот на заразени беше до 30 граѓани, беше воведена кризна состојба и полициски час и по 80 часа без прекин.