Свет
30. October 2015 - 8:43

Во Флорида егзекутиран маж осуден за убиство на четири лица

Во американската држава Флорида беше егзекутиран маж, осуден за убиство со нож на поранешната сопруга, ќерката и уште две жени во 1985 година.

Џери Корел беше прогласен за мртов во 19:36 минути по локално време во државниот затвор на Флорида, откако му беше ставена смртоносна инјекција. Егзекуцијата беше извршена, откако Врховниот суд на САД ги отфрли последните жалби.

Корел е 22-от егзекутиран затвореник за време на управувањето на гувернерот Рик Скот. Смртната казна беше вратена во државата во 1979 година.