Џет-Сет
29. јуни 2017 - 14:52

Во финалето на "Ѕвездите на Гранд" само еден член на жирито не гласал, еве и зошто!

Големото финале на 11. сезона од "Ѕвездите на Гранд" одржано е вчера во студиото на "Гранд", каде атмосферата била повеќе од сјајна.

Како што веќе знаете, победници се Алекса Перовиќ (по гласовите на жирито) и Ристе Ристески (по гласовите на публиката).

Кога е во прашање жирито, гласало стручното жири кое сте го гледале секоја недела во студиото, како и 40 тајни членови кои биле вклучени телефонирајќи.

Всушност не сите 40, бидејќи само еден член на жирито не гласал.

Станува збор за Рада Манојловиќ, која до крајот на ноќта останала недостапна на својот мобилен телефон.

Иако сите членови на жирито неколку дена претходно биле известени дека во тој момент мораат да бидат достапни, Рада е единствена која засега поради непознати причини не одговорила на повикот и не била вклучена во програмата.